Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Првите шишиња зејтин од Србија пристигнаа во Македонија

/

пред 1629 дена

Сподели преку :

Кончено стигнаа првите количини зејтин од Србија. 48 илјади шишиња попладнево биле царинети, а уште толку се очекува да стигнат во текот на утрешниот ден. Останатите најавени количини до 2 милиони литри, се договорени, но рокот и начинот на испорака дополнително ќе се прецизира.

Но, се уште oстанува забраната за извоз на нерафинирано масло од Србија, иако дел од домашните производители веќе имаат склучено договори со српските фирми. Властите во земјава велат дека се во постојана комиуникација со нивните српски колеги, не прецизираат кога ќе заврши забраната, но велат очекуваат тоа да се случи нaскоро. Во меѓувреме, домашните производители суровина набавуват од други држави, по поскапи цени, и предупредуваат дека заради тоа можно е поскапување и цената во малопродажба.