Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Пукање на Ханука во Сиднеј: 12 загинати, херојска интервенција спречи поголема трагедија

/

пред 299 дена

Сподели преку :

Во пукање за време на прославата на еврејскиот празник Ханука на плажата Бонди во Сиднеј загинаа 12 лица, соопшти локалната полиција. Еден од двајцата напаѓачи е убиен, додека другиот е ранет и приведен.

Според полициски извори, нападот бил планиран со месеци и бил директно насочен кон настанот.

На местото на трагедијата интервенирале повеќе од 30 екипи за итни случаи, вклучувајќи и специјални хеликоптерски единици.

На социјалните мрежи се појавија видеа од инцидентот на кои се гледа како случаен минувач му го одзема оружјето на еден од напаѓачите и го принудува да се повлече.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, му оддаде почит, изјавувајќи дека станува збор за „вистински херој“ и дека „нема сомнеж оти многу луѓе вечерва се живи благодарение на неговата храброст“.

Лицето е идентификувано како 43-годишен маж од Сиднеј по име Ахмед ал-Ахмед.

Австралискиот портал „News.com.au“ наведува дека Ахмед ал-Ахмед е всушност сопственик на продавница за овошје во Сиднеј, а според изјавите на неговите роднини, Ал-Ахмед нема искуство со оружје, туку едноставно минувал и решил херојски да интервенира.