Соработниците на Трамп во неделата објавија дека поранешниот претседател Доналд Трамп „е безбеден по пукањето во негова близина“.
„Претседателот Трамп е безбеден по пукањето во негова близина. Засега нема повеќе детали“, рече портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чунг, во изјавата во која не даде дополнителни детали, пренесе Си-Ен-Ен.
Поранешниот претседател играше голф во својот голф клуб во Вест Палм Бич.
Медиумите пренесуваат дека теренот за голф бил веднаш затворен.











