Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукање во воена база во САД – ранети пет војници

/

пред 437 дена

Сподели преку :

Пет американски војници се ранети во пукање што се случило денеска во воената база Форт Стјуарт, во зона на 2-та оклопна бригада, во сојузната држава Џорџија, потврдија властите.

Напаѓачот, според официјалните информации, е уапсен, а опасност по заедницата повеќе не постои. И покрај тоа, делови од базата и натаму се под блокада. Војниците се згрижени на лице место,  а потоа се превезени во болница.

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит на Икс објави дека претседателот Трамп е известен за инцидентот и оти ситуацијата се следи внимателно. Истрагата е во тек,а властите засега не објавија повеќе детали.

Фото: printscreen/youtube