Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукнала конструкција на скеле, се повредиле двајца работници – кривична за скопјанец кој се товари дека не обезбедил услови за работа

/

пред 353 дена

Сподели преку :

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против скопјанец кого го сомничи за „тешки дела против општата сигурност“, соопшти денеска МВР. Како што е наведено, тој не обезбедил услови за безбедност и здравје при работа, при што двајца работници се здобиле со повреди кога пукнала конструкција при изведување изградба на објект во село Липково.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б. (48) од Скопје, управител на правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. На 14 декември 2024 година, пријавениот постапил спротивно на правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа, на тој начин што на објект во изградба во село Липково, поради несоставена парапетна заштита на надворешно и внатрешно монтажно скеле, дошло до пукање на конструкцијата, при што двајца работници се здобиле со повреди“, информираат од МВР.