Пуштена е во употреба реновираната лабораторија по органска хемија на Технолошко-металуршкиот факултет, што ќе ја користат студентите за практична настава, а ќе биде достапна и за средношколците.
Се очекува ова значително да го подобри квалитетот на наставата и да го зголеми интересот за природните науки.











