Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин одби да се сретне со Зеленски

/

пред 121 дена

Сподели преку :

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го одби предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директни преговори за завршување на војната, истакнувајќи оти таква средба „нема цел“ пред да биде финализиран мировниот договор.

Тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург истакна дека Зеленски вчера му испратил „грубо“ писмо, особено по нападот врз студентскиот дом во Луганск, при што загинаа 21 човек.

Путин претходно му понуди на Зеленски средбата да се одржи во Москва, а украинскиот претседател го одби.

Тој изјави дека Русија е подготвена за компромиси, во согласност со договорите постигнати на минатогодишниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, додавајќи дека Киев мора да ги прифати за да постигне договор за прекин на конфликтот.

Секако, украинската страна би сакала да го запреме напредувањето на руската армија, но би било подобро војната да се заврши со согласување со компромисите дискутирани во Анкориџ, истакна Путин.