Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон кој дозволува мобилизација на луѓе кои сториле тешки криминални дела, објавија РИА новости.
Законот, како што се наведува, исклучува можност за мобилизација на сторители на сексуално вознемирување на деца, на шпионажа, на тероризам и предавници.
Путин денеска изјави дека со делумната мобилизација во Русија се регрутирани 318.000 луѓе. Според него, бројот на доброволци не се намалува, а досега 49.000 луѓе извршуваат борбени задачи во руските трупи, додека останатите учествуваат во обука.
На 21 септември, Путин објави делумна мобилизација во земјата, со која требаше да бидат опфатени 300.000 луѓе.











