Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: Русија нема да има проблеми и без продажбата на гас за Европа

/

пред 979 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „ќе биде добро“ и без Европа да купува гас.

„Ако им треба, нека го земат, ако не, ќе бидеме добро и без тоа“, рече тој.

Путин, исто така, рече дека нема смисла Украина да затвори еден од гасоводите што минуваат низ нејзината територија кон Европа, бидејќи добиваат пари за неговиот транзит.

„Од нас добиваат пари за транзит, колку и да звучи чудно… Дали тие добиваат пари од Гаспром? Тие добиваат“, рече тој.

Видеото од изјавите на Путин беше објавено на Телеграм од страна на известувачот на државната телевизија, Павел Зарубин.

Путин тврди дека Русија станува се помалку зависна од нејзиниот енергетски сектор како резултат на енергетската политика на Европа „бидејќи нивниот неенергетски дел од економијата расте со многу побрзо темпо отколку порано“.

За време на интервјуто, Путин не ја спомна ненадејната смрт на неговиот најжесток непријател, опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во оддалечената казнена колонија на Арктикот.

Но, кога одговараше на прашањето за неговото интервју со Такер Карлсон, тој рече дека долгиот историски преглед што го направи имал за цел да ја натера публиката да почувствува колку е „чувствително и важно“ ова прашање.

„Сè што се случува во насока на Украина за нив е подобрување на нивната тактичка позиција, додека за нас тоа е судбина, тоа е прашање на живот и смрт. Сакав луѓето кои ќе слушаат да го разберат тоа“, рече тој.