Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин учествуваше на вонреден онлајн самит на БРИКС посветен на царинските тарифи на САД

/

пред 403 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се приклучи преку видеоврска на вонредниот онлајн самит на БРИКС, свикан од Бразил, на кој главна тема беа трговските тарифи на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според соопштението на Кремљ, лидерите на земјите-членки на БРИКС разговарале за зајакнување на соработката во трговијата, економијата, финансиите, инвестициите и други области, имајќи ја предвид актуелната состојба во глобалната економија.

Тарифите што ги воведе Трамп предизвикаа потреси на светските пазари, ги нарушија односите со трговските партнери и сојузници на САД, и ги зголемија стравувањата од раст на цените и економско забавување.

Трамп пак тврди дека без овие мерки, САД би се нашле „на работ на економска катастрофа“.