Трет ден чади депонијата во Радовиш. Пожарот избил во петокот, а бидејќи не успеале да го изгаснат целосно, сега голем чад се шири низ целиот град.
Градоначалникот Љупче Почивалец апелира граѓаните да не минуваат многу време надвор и да ги затвораат вратите и прозорците од своите домови додека се смири ситуацијата.











