Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Радовишанец и охриѓанец со кривични пријави поради градење без дозвола

/

пред 257 дена

Сподели преку :

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишниот Т.Т.  од Охрид и 44-годишниот Е.Д.Г.  од Радовиш поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Како што информира полицијата, пријавените, во својство на инвеститори, на катастарска парцела во охридското село Велестово започнале изградба на објект иако биле свесни дека не поседуваат соодветна градежна дозвола издадена од надлежен државен орган.

„При извршена контрола на 17 декември 2025 година, констатирано е дека објектот се гради без одобрение од надлежен инспектор од Одделението за инспекциски надзор, по што е изготвено решение за отстранување на градбата“, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот, против двете лица е поднесена соодветна кривична пријава.

Т.Д.