Ракот на грлото на матката е четврт најчесто дијагностициран рак кај жените, но доколку се открие навреме, големи се шансите целосно да се излечи.
Програмата за скрининг на рак на грлото на матката постои на хартија,иако секоја година се усвојува од владата во пракса речиси и да не се спроведува.
Во периодот од 2023 до 2025 година, скрининг на грло на матка бил извршен на околу 149 илјади жени во државата, што е опфат од 32 отсто, а тоа е многу помалку од предвидените 75 отсто.
Наместо да расте, бројот на жени опфатени со скринингот од година в година се намалува. Во однос на смртноста, во периодот од 2017 до 2023 година, од рак на грло на матка починале вкупно 540 жени.
Тоа значи дека од овој вид карцином, во Македонија годишно во просек умираат околу 70 жени.











