Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракот на кралот Чарлс е рано дијагностициран, тој се лекува амбулантски

/

пред 992 дена

Сподели преку :

По објавата на Бакингемската палата дека на кралот Чарлс III му е дијагностициран рак, почнаа шпекулациите за тоа каков тип на рак може да има. Во соопштението не се наведува типот на рак, велејќи дека „постои голема загриженост” по спроведената болничка процедура на 75-годишниот британски монарх за бенигно зголемување на простатата. Тестовите идентификувале „форма на рак“, а кралот започна со „редовни третмани“, соопшти палатата.

Денеска знамето над Бакингемската палата се вее како и секогаш кога монархот е во резиденција. Монархот се лекува амбулантски, соопшти палатата. Бројни новинарски екипи будно го следат секое движење пред палатата, каде беше забележани и присуство на амбулантно возило.

Онкологот Патриша Прајс за телевизијата Скај изјави дека информациите од палатата се смирувачки бидејќи се чинело дека кралот „немал никакви симптоми од овој рак“. „Значи, рано е дијагностицирано“, вели таа, додавајќи дека денешните третмани се многу прецизни и не се премногу токсични.

  • Па, има или некои лекови за хемотерапија или имунотерапија или има радиотерапија или операција. Значи, тоа е низа работи. Според она што го знаеме, тој се лекува како амбулантски и ќе продолжи со својата работа. Така, тоа покажува дека во денешно време многу од нашите третмани се многу прецизни и не се премногу токсични и луѓето можат да продолжат со својот живот, што е најмногу смирувачко, рече Патриша Прајс, онколог.

Принц Хари итно враќа назад во Велика Британија за да го види својот татко, тој се откажа од кралските должности во 2020 година, но веќе разговарал со својот татко за дијагнозата.

Луѓето во Лондон со загриженост ја примија веста за дијагнозата на нивниот крал, тие изразуваат надеж дека брзо ќе закрепне.

  • Зборовите што би му ги кажал на секој што е болен, секако дека им посакуваме, се надеваме, брзо закрепнување и дека многу брзо ќе се вратат во најдоброто здравје, рече Шибани Лал, консултант.
  • Да, тоа беше шок, дефинитивно. Мислам дека никој не помислил на тоа. Беше тешко да се слушне, и се надевам на најдоброто, всушност. Но, слушнав и дека не беше толку лошо за среќа, рече Али, студент.
  • Сигурно дека е трагично. Некако е тажно, знаете, очигледно многу тажно да се слушне, вели Стивен Тејлор, режисер.
  • Толку брзо по кралицата, знаете, тоа е многу жално, вели Меј Тејлор, 37, дизајнерка на цвеќиња.

Чарлс стана крал во септември 2022 година, кога неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, почина на 96-годишна возраст по 70 години на владеење.

Билјана Ставрова