Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рама ја прифати поканата на Трамп да учествува во Комитетот за мир за Газа

/

пред 257 дена

Сподели преку :

Албанскиот премиер Еди Рама ја прифати поканата на американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Одборот за мир за Појасот Газа, меѓународна иницијатива чија цел е решавање на глобалните конфликти и активно градење мир.

Во јавна реакција, премиерот Рама објави дека Владата ја прифатила поканата и оти „вклучувањето на Албанија во оваа структура наскоро ќе биде доставено до албанскиот Парламент за одобрување, во согласност со уставните и законските процедури“.

Во писмото упатено до претседателот Трамп, Рама изразува благодарност за, како што го нарекува, „визионерското водство“ на американскиот претседател во формирањето на Комитет за мир. Според него, Комитетот за мир има за цел да биде конкретен инструмент на глобално лидерство и одговорност, а не уште еден бирократски меѓународен форум.

„Во овој дух на одржливо партнерство, Албанија цврсто стои покрај САД во сите напори за промовирање на мирот, безбедноста и конструктивниот глобален ангажман“, се наведува во пораката на Рама.

Се очекува Комитетот за мир да вклучува меѓународни лидери и клучни глобални личности, со цел да се справи и со непосредните последици од конфликтите и со длабоките структурни причини што создаваат нестабилност.

Вклучувањето на Албанија во оваа структура, според Рама, претставува чест и одговорност за земјата на меѓународната сцена. Тој вчера ги отфрли тврдењата на опозицијата и пишувањата на дел на медиумите дека Албанија треба да плати една милијарда евра за влез во Комитетот за Одборот за мир во Газа.