Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рампа на патот и жив штит во одбрана на реката Блатешница – жителите на виничкото село Блатец не дозволуваат изградба на хидроцентрала

/

пред 237 дена

Сподели преку :

Со рампа на патот и жив штит, месното население на виничкото село Блатец ја брани реката Блатешница на која треба да се гради хидроцентрала. Концесијата за изградба на минихидроцентрала е дадена уште пред 10 години, а веќе трет ден жителите не дозволуваат по патот да се движи градежна механизација. Жителите на село Блатец се единствени и велат нема да дозволат изградба на хидроцентралата која, како што велат, ќе им ја секне водата и за пиење и за наводнување.

„Нашиот водовод од кој користиме вода за пиење се наоѓа на средина на трасата на таа централа. Потоа голем дел од каналите за наводнување и еден подземен систем којшто го имаме уште од 80-тите години што го имаме лежат, исто така, во тој дел од трасата и сите тие ќе останат суви, доколку се направи тој цевковод за хидроцентралата. На крајот и големата еколошката катастрофа, којашто ќе се случи на самиот терен, на тие три-четири километри колку што ќе биде тој цевковод“, вели Блаже Јанакиевски, жител на село Блатец во Општина Виница.

Двајца претставници од селото Блатец и виничкиот градоначалник, кој дава поддршка на месното население, денеска беа во министерството за енергетика да ги презентираат своите барања за стопирање за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница. Тие порачаа дека белата чума го десеткуваше бројот на жители во ова село, а изградбата на хидроцентралата ќе предизвика целосно исселување и селото Блатец за некоја година ќе биде само топоним.

Во ова живописно село живеат околу 1.100 жители, неколку години наназад имаат и повратници од странство и од други градови во земјата. Порачуваат дека реката Блатешница не ја даваат за да се стави во цевка со изградбата на хидроцентралата, а во петок ќе организираат блокада на патот Виница – Берово.

Викторија Јованова