Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ранети седум момчиња на возраст меѓу 12 и 17 години – пукање пред трговски центар во Индијанаполис

/

пред 936 дена

Сподели преку :

Седум малолетници на возраст од 12 до 17 години се повредени во пукање пред трговски центар во Индијанаполис, главен град на американската сојузна држава Индијана, соопшти полицијата.

Според заменичката на шефот на полицијата на Индијанаполис, Тања Тери сите повредени момчиња се наоѓаат во стабилна состојба. Таа додаде дека никој не е уапсен и оти станува збор за уште еден случај во кој малолетници се обиделе да решат меѓусебни спорови со огнено оружје, пракса за која истакна дека мора да престане.