Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

/

пред 476 дена

Сподели преку :

Според политичкиот аналитичар Иво Ранѓеловиќ би било убаво да се намали сензационализмот околу овој Извештај, бидејќи според него истиот нема никаква правна или обврзувачка моќ за било која страна, ниту пак ги потпомага или забавува интеграциите на државата.

„Можеби Самитот кој го гледам како исклучиво формален има некаква моќ или тежина и да ја намали важноста околу сите овие случувања околу самиот Извештај“ изјави Ранѓеловиќ.

Секоја една генерација и секоја една Влада има задача да го негува и чува идентитетот и јазикот. Според Ранѓеловиќ потребна е културна стратегија и дипломатија наместо политичка, бидејќи на политичко поле македонскиот јазик и идентитет е дефиниран и докажан низ самото свое етаблирање на македонската нација години наназад, и со ратификување на државноста и независноста на Македонија.

„Во моментот кога имате нација и држава вие немате политичка нужност да се докажувате пред било кого уште помалку пред Бугарија за тоа каков јазик зборувате. Во денешен контекст македонскиот јазик е потврден и во преговарачката рамка, каде е формално поддржан и признаен како таков, и не е спорна во политички контекст“ додава Ранѓеловиќ.

Според него во Извештајот има одреден простор, но и провокации.

„Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес на државата. Овој Извештај требаше да биде од 20 страни како едно „пемпеле“, а сега испадна една книга од 80 страни со различни зачини.“

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство