Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Распродаден театарскиот фестивал „ Рута група Триглав“ во Драмски театар

/

пред 1456 дена

Сподели преку :

Распродадени се сите карти за претставите уште пред добро да се изрекламираат, кои ќе бидат изведени во Драмски театар од утревечер до 19 октомври, на фестивалот на регионалната унија на театри „Рута група Триглав“. Ова го кажа директорката на Драмски, потенцирајќи дека најголем интерес постои за утрешното отворање на фестивалот, кога ќе биде изведена претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, во која настапуваат актерските ѕвезди Раде Шербеџија и Милан Мариќ.

„Јас вчера разговарав со режисерот на претставата , г-ѓа Ленка Удовички која е сопруга на Раде Шербеџија, која ја игра главната улога. И ми рече дека на Раде му се јавуваат од Скопје и му бараат карти за претставата. Јас реков, сериозно немам карти, немам ни за мене. Навистина ќе се потрудиме тоа да го направиме заради тој неверојатен интерес за таа претстава. Ако е во можност зашто таа е копродукција меѓу театарот „Улисис“ и „Белградско драмско позориште“, да ја донесеме цела недела, да играа таа претстава во ноември или декември.

Сотир Трајков