Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте бројот на заразени со мајмунски сипаници во Европа

/

пред 1598 дена

Сподели преку :

Белгиските здравствени власти пријавија два потврдени случаи на мајмунски сипаници во земјата.

Според докторите,  оваа ретка болест многу забрзано се шири периодов и тоа е изненадување. Мајмунската вариола постои веќе десет години.

Болеста не се смета за опасна, освен за ранливите групи како повозрасни лица и лица со слаб имунитет. Смртноста е меѓу 1 и 10 отсто кај овие луѓе. Опасноста зависи и од сојот.

Докторите предупредуваат дека хомосексуалната заедница е попогодена од другите, но не е јасно како се одвива заразата.

-Никогаш не сме имале толку случаи одеднаш и не разбираме, ова никогаш не се случило, рече епидемиологот.

Според лекарските познавање за инфекција е потребен директен контакт со заразено лице, за разлика од Ковид-19.

Европската Комисија од блиску ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со здравствените власти во ЕУ околу појавата на мајмунски сипаници на европскиот континент.

Повеќе земји членки на ЕУ пријавија појава на оваа ретка форма на сипаници, и Европската Комисија одржува редовни средби во рамките на комисијата за здравствена безбедност каде учествуваат и земјите членки на ЕУ.

Мајмунските сипаници, кои досега беа забележани главно во Западна и Централна Африка, се ретка вирусна инфекција, слична на големите сипаници, иако во поблага форма. Вирусот првпат беше регистриран во ДР Конго во 1970-те, а бројот на случаи во Западна Африка се зголеми во изминатата деценија. Симптомите вклучуваат треска, главоболки и осип на телото кој започнува на лицето и се шири на други делови од телото.