Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте бројот на пациенти со респираторни инфекции

/

пред 410 дена

Сподели преку :

Зголемен број на пациенти со респираторна патологија, пред се горнореспираторни инфекции  бележат матичните лекари и тоа подеднакво застапени кај сите возрасни групи. Најчести се настинките и синуситите, но се забележува и пораст на пациенти со долнореспираторна патологија-бронхити и пневмонии.

Она што го забележуваме последниве две недели има изразена бројка на пациенти кои се јавуваат со стомачни вирози, гастроинтестинални проливи, дел од нив се појавуваат и со салмонели и со некоја друга бактериска природа на гастроинтестинално заболување. Еден апел до самите пациенти дека секоја вироза, секоја бактериска инфекција мора да биде проследена со висока температура и дека не треба да се создава паника. Ако веќе немате грлоболка и кашлица, дека магично ќе исчезне температурата. Се пијат парацетамоли, нестероидни форми на антиинфламаторни лекови и аналгетици, кои што помагаат во борбата против температурата. Два три дена ќе биде висока, потоа самата ќе падне, вели д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ-СМ.

Доколку се појавува друга симптоматологија гребење во грлото и кашлица која трае повеќе од три-четири дена, со тешко дишење, висока температура која не поминува после третиот ден дури тогаш треба да се побара лекарска помош, вели доктор Ѓорѓиевски .

Со почетокот на учебната година расте бројот и на млади пациенти.

Тоа се очекува во следните недели да се дуплира бројот, бидејќи контактот на децата во училиштето само дополнително ќеги развие веќе започнатите висрусни инфекции кои веќе ги бележиме. Зголемен е бројот и кај средната и возрасната популација, додава д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ-СМ.   

Во една смена најчесто има по 70 пациенти со различна патологија, но половината од нив се со респираторни инфекции.  Лекарите со апел до граѓаните да бидат свесни дека ниту еден вирус, ниту една бактерија ќе бидат излечени за ден два и да ги следат препораките со што ќе го заштитат сопственото и здравјето на останатите.

Нина Стефанова