Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте бројот на загинати во серијата силни земјотреси во Јапонија

/

пред 1029 дена

Сподели преку :

Најмалку 48 лица загинаа во серијата силни земјотреси кои ја погодија Јапонија, и кои покрај потресите предизвикаа и цунами. Голем дел објекти се урнати или сериозно оштетени, поради што властите им препорачаа на граѓаните да ги напуштат своите домови.

Нашата куќа беше ваква по претходниот земјотрес во 2007. Само што завршивме со поправките. Мислам дека повеќе не можеме да ја обновуваме, изјави Мики Кобајаши, жителка на Анамизу.

Властите стравуваат дека бројот на жртви ќе се зголемува затоа што сѐ уште има луѓе заробени под урнатините. Повеќе од 1.000 спасувачи се во трка со времето пребарувајќи ги урнатите згради во потрага по преживеани.

Најтешко погодена е префектурата Ишикава, каде што афтершоковите продолжуваат да го тресат тлото, а покрај земјотресите областа беше погодена и од цунами.

Бев на работа и затоа не бев дома. Но, ако бев дома, тогаш ќе беше многу опасно поради цунамито. Насекаде се тресеше а потоа и цунамито дојде, затоа, ако бев дома, тогаш ќе беше навистна опасно, рече Казујуки Иваике од градот Ното во префектурата Ишикава.

Предупредувањата за цунами бранови беа повлечени за сите јапонски префектури долж брегот на Јапонското море, но предупредувањата од нови потреси остануваат на сила.

Игор Трајков