Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

/

пред 569 дена

Сподели преку :

Најмалку 140 луѓе досега загинаа во силниот земјотрес кој ги погоди Мјанмар и Тајланд, но имајќи во предвид дека 81 работник останаа затрупани под урната зграда во изградба во Бангкок и големиот број жители кои живеат во руралните делови на Мјанмар, бројот на жртви се очекува да биде значително поголем.

Засега добиваме вести од густо населените центри, но земјотрес со ваква јачина и во овој регион, каде што голем дел од популацијата е распореден по мали градови и села, па и зафрлени региони, во следните денови ќе се разјасни целосната слика на уништувањето како што ќе се прошируваат новинските извештаи, вели професорот по техтоника наОксфордскиот универзитет, ричард валкер.

Потрагата по преживеани започна веднаш, но е отежната поради честите и силни афтершокови.

Д-р Брајан Бапти – Сеизмолог во британската Сеизмолошка служба

„До сега, по овој земјотрес имаше уште еден со магнитуда од 7,4 степени само неколку минути подоцна. Непишаното правило е дека најсилниот афтершок би требало да биде за еден степен послаб од самиот земјотрес. Значи, ако имаме 7,7 степени како овој, би очекувале најсилниот афтершок да биде 6,7 степени, а тоа само по себе е веќе силен земјотрес, секако, способен и да предизвика штета, вели д-р брајан бапти, сеизмолог во британската сеизмолошка служба.

Службите во Мјанмар предупредуваат дека ќе бидат потребни недели за да се дознае целосниот степен на уништување во земјата. Ќе биде исклучително тешко да се обезбедат точни информации имајќи ги во предвид рестрикциите кои врз медиумскиот сектор ги наметна воената хунта по државниот удар во 2021 година.

Вообичаено луѓето во овој регион живеат во градби од дрво, поцинкувано железо, и ѕидови без носечки столбови. Таквите згради се навистина многу ранливи на земјотреси. Затоа кога имате силен земјотрес таму каде што многу луѓе живеат во ранливи објекти, најверојатно ќе има тешки последици во смисла на штета врз објекти и потенцијални жртви, додаде сеизмологот бапти.

Колкава е сериозноста на ситуацијата посочува и фактот што воента хунта која владее со Мјанмар за прв пат побара меѓународна помош, иако опозицијата обединета околу неформалната влада за национално единство побара таа помош да биде дистрибуирана преку независни локални канали.

Игор Трајков