Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте европскиот притисок врз Софија да го тргне ветото

/

пред 1597 дена

Сподели преку :

Нема промени во спорот, има притисок за напредок, вака бугарската шефица на дипломатијата Теодора Генчовска прокоментира за актуелната европска иницијатива за отворање на евроспкиот пат и за Македонија, а преку тоа за Албанија.

Генчовска само го потврди она што го кажа и вицепремиерот Маричиќ на Топ Тема на Телма. Дипломатска офанзива има, а тоа го покажа и посетата на еврокомесарот Оливер Вархеи на Софија во која главна тема се токму евро-интеграциите на Скопје. Вархеи синоќа си замина, но најави дека по три недели повторно ќе се врати во Софија во иста мисија- промена во ставот на Бугарија и започнување на преговорите со Македонија во јуни. Маричиќ пак рече дека станува збор за европска иницијатива во спорот.

Во Софија постои разногласие во владиниот коалициски состав, а тоа го покажа и синоќешното барање на премиерот Петков до претседателот Радев итно да го свика националниот Координативен совет за национална безбедност, за да се консултираат околу најновиот развој на ситуацијата. Радев досега не одговори, а Генчовска му контрира на својот шеф во владата, велејќи дека одлуката за повикување на советот е ингеренција на претседателот на државата кога нешто ќе се промени, а тоа досега таа не го видела. Петков бара и рапорт од Генчовска што како министерка сторила во преговорите со Скопје, додека Генчовска пак преку БТВ му одговори дека ветото треба да остане бидејќи нема преговори и си посака покана од Османи за средба и преговори. Претстојните денови следува прославата на просветителите Свети Кирил и Методи во Рим каде премиерите Ковачевски и Петков ќе ги водат државните делегации но во различни термини. Постои можност за средба, но од македонската влада и од МНР не одговорија конкретно на прашањата на Телма, ниту потврдуваат ниту негираат дали е најевена и договорена премиерска средба.

Миомир Серафиновиќ