Според најновите податоци расте свеста за важноста на машкото здравје, во исто време расте и бројот на пациенти со карцином на машките генитални органи. Во континуитет треба да се работи на подигање на свеста кај младите генерации за редовни прегледи со што ќе се укаже на важноста на раната детекција и превенција, вели професор Дохчев. Најмладиот пациент со карцином на тестиси има само 15 години, додека најмладиот со карцином на простата има 42 години.
Кога се однесува за заболување на простатата, се разбира како мажот старее тоа е предмет на интерес, се разбира над 50 години треба еднаш годишно да се посети уролог. Во нашата литература пишува над 40 години се вели барем еднаш, но еве јас од искуству ќе каѓам да не претеруваме со годините, но над 50 секако. Меѓутоа тоа што мене ме загрижува, кај помладите мажи овие заболувања не се толку важни затоа што под 40 годишна возраст овие карциономски заболувања не се појавуваат, тоа е толку ретко и јас не сум сретнал таков пациент, но она што ме загрижува, таму има уште пострашно заболување карциномите на тестис се јавуваат за жал кај млади луѓе до 40 годишна возраст и тие се многу агресивни. – вели проф. д-р Сашо Дохчев, директор на Универзитетската клиника за урологија
Според професор Дохчев само минатиот месец на Универзитетската клиника за урологија имало над 500 прегледи на мажи пациенти и направени се седумдесетина биопсии на простата, метода за најдобар скрининг за откривање на ран карцином на простата.
Не можеме да спречиме, медицината не може да ги спречи карциномските заболувања,нема уште таков метод, но да ги откриеме рано имаме. Имаме и ефикасни методи на лекување. Тука е хирургијата, најважно е пациентот да биде операбилен, тогаш ќе му помогнеме најмногу, потоа и да му дадеме некоја дополнителна терапија тоа е додаток на оние карциномски клетки кои не можеме да ги видиме со голо око, така што имаме успешни методи на лекување, затоа многу порано најдобро. – изјави проф. д-р Сашо Дохчев, директор на Универзитетската клиника за урологија )
Важно е да се подигне свеста за самопрегледите кај младата машка популација, да не се кријат симптомите, затоа што со секое пролонгирање се влошува и општата состојба на пациентот, што директно се одразува и на самата прогноза на болеста.
Нина Стефанова











