Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Разгледува големи банкарски санкции и царини – Трамп со закани кон Русија

/

пред 591 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува воведување на санкции и царини за Русија додека не се постигне прекин на огнот и мировен договор со Украина.

„Врз основа на фактот дека Русија апсолутно ја напаѓа Украина на војното поле токму сега, сериозно разгледувам големи банкарски и други санкции за Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор“, порача Трамп.

Тој исто така ги повика Русија и Украина да седнат „на преговарачка маса веднаш, пред да биде доцна“.