Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

/

пред 467 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа одржаа приватна вечера во Белата куќа, во рамки на нивната трета средба годинава, во време на продолжените воени тензии во Појасот Газа.

И покрај формално триумфалниот тон, средбата се одвиваше во сенка на 21-месечната војна помеѓу Израел и Хамас.

Двајцата лидери го искористија состанокот за да ја прослават неодамнешната заедничка операција против ирански нуклеарни капацитети, која траеше 12 дена и која ја нарекоа „целосен успех“.

Во симболичен гест, премиерот Нетанјаху му соопштил на Трамп дека официјално ќе го номинира за Нобелова награда за мир, поради неговата улога во операцијата и дипломатските напори на Блискиот Исток.

Средбата се одржа во Сината соба на Белата куќа, каде што двајцата лидери, заедно со највисоките советници, разговарале за можноста за 60-дневен прекин на огнот во Газа, кој би можел да отвори пат за дипломатско решение или барем привремено смирување на конфликтот.

Не е јасно дали Трамп ќе изврши дополнителен притисок врз Израел за трајно примирје, но од Белата куќа беше најавено дека САД ќе продолжат да работат со партнерите во регионот на стабилизација на состојбата.