Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Разменувал фотографии и видеа преку апликации за комуникација – жител на Велешта обвинет за производство и дистрибуција на детска порнографија

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, по спроведена истражна постапка, донесе одлука и поднесе Обвинителен акт против 38-годишник од селото Велешта за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“, според член 193-а, став 1 и став 2 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Во периодот од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и на друг начин правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем, соопшти денеска Јавното обвинителство.

„На своите два мобилни телефона, преку инсталираните апликации за комуникација – Сигнал, Вајбер, Енигма, Телеграм и други, како што информираат, обвинетиот се приклучувал во затворени групи во кои членувале лица од повеќе земји во светот. Во групите чии имиња сами по себе упатувале дека се наменети за ширење на детска порнографија, но и во директна комуникација со приватни профили, обвинетиот споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица или со лица кои изгледале како малолетници. Видеа и фотографии кои прикажуваат детска порнографија поседувал и во мобилните телефони и тие биле пронајдени кога телефоните му биле одземени при извршениот претрес“, се вели во соопштението на обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Струга достави и посебен предлог со кој побара на обвинетиот да му биде продолжена определената мерка притвор, како и да му бидат одземени мобилните телефони како средство употребено за извршување на кривичното дело.