Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Речиси 90 отсто од студентите не знаат каде да пријават корупција, иако 40 проценти од нив се соочиле со тој проблем

/

пред 1246 дена

Сподели преку :

Дури 89% од студентите не знаат каде да пријават корупција, а 40% од нив се соочиле со тој проблем. На УКИМ постои такво тело со титула антикорупциски офицер, но никој од студентите не знае за неговото постоење бидејќи ниту на официјалната веб страната на универзитетот нема никакви податоци за него. Aнтикорупцискиот офицер на УКИМ вели дека универзитетските професорите со години се соочени со ниски плати и за да го задржат своето работно место стануваат дел од корупцискиот ланец.

Што кажа антикорупцискиот офицер на УКИМ, професорот Гордан Калајџиев.

До Државната комисија за спречување на корупцијата не стигнале многу пријави од студенти.

Но имаат бројни пријави од анонимни универзитетски професори кои се жалат на негативна селекција, клиентелизам, непотизам.

За основците и средношколците постои антикорупциска едукација на училиштата за да можат уште од рана возраст да ја препознаат и пријават корупцијата.

Која е еден од факторите кои со години го позиционираат УКИМ на дното на ранг листата во однос на останатите универзитети од балканот.

Тамара Марковска