Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Координаторот стана директор на РЕК Битола, а директорот замина во кабинет кај генералниот во ЕСМ

/

пред 207 дена

Сподели преку :

РЕК Битола доби нов директор. Со најголемата централа ќе управува Иван Куковски. Од оваа функција, пак, е разрешен Тони Петрушевски. Ваквата промена во РЕК е направена пред два дена во Централен регистар.

Во јануари, Куковски од Управниот одбор во ЕСМ беше поставен за координатор во РЕК Битола за да даде дополнителна поддршка во менаџирањето со централата. Но, потоа поради добро завршената работа е назначен за прв човек на централата.

Тони Петрушевски, пак, од оваа позиција се сели во кабинетот на генералниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев.

Владимир Пејовски, пак, е поставен за координатор во ТЕЦ Осломеј. Во дописот од ЕСМ стои и дека  станува збор за одлука која е од времен карактер и дека други кадровски промени не се планираат. Инаку, Тони Петрушевски беше назначен за директор на РЕК во 2024 година со промената на власта.