Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РЕК Битола почна да работи со два блока

/

пред 817 дена

Сподели преку :

РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.
Денес, во 11:45 часот, во функција е ставен Блок 1. Претходно, за време на викендов на мрежа беше и Блок 3.
Блок 1 на РЕК Битола беше надвор од функција од петокот заради испадот на 110 киловолтната собирница на МЕПСО.  Заради прекинот во напојувањето, одложени беа и операциите за пуштање во финкција на Блок 3.

Високите температури кои деновиве надминуваат 40 степени за 25 отсто ја зголемија потрошувачката на струја поради што потребните количини се надоместуваа со купување на струја и од хидроцентралите.

Ова не е прв пат да се случи ваков проблем. И во текот на зимата  кога температурите  беа длабоко под минусот РЕК Битола работеше со само еден блок. Тогаш од ЕСМ и Мепсо се препукуваа во чија сопственост е проблематичниот далновод поради кои настана проблемот.

Од РЕК Битола соопштуваат дека се ремонтините активности на Блок 2  продолжуваат согласно предвидената динамика.