Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РЕК Битола во моментов работи со третина од капацитетот

/

пред 944 дена

Сподели преку :

РЕК Битола во моментов работи со третина од капацитетот откако вчера Блок 2 бил приклучен на мрежата. Ова доаѓа по испадот во Блокот 3 и дефект на цевка во котелот поради што мораше да биде исклучен а ЕСМ купуваше струја на берзата по цена пониска од производствената за да ги задоволи потребите.

Од ЕСМ информираат дека и првиот Блок е подготвен и ќе ставен во погон и приклучен на мрежата во зависност од потребите на системот.

Државатана компанија врз основа на анализите ќе продолжи до комбинирано работење и набавка на струја за да се намалат трошоците на работа. Од ЕСМ соопштија и дека најголемиот производствен капацитет во државата РЕК Битола во изминатиот период работел педесетина дена со полн капацитет односно со сите три блока.