Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реки луѓе со метли и лопати пешачеа со часови да помогнат во чистење на поплавените подрачја во Шпанија

/

пред 701 дена

Сподели преку :

Реки луѓе, вооружени со метли и лопати, пешачеа со часови и се разминуваа на пат од и кон градските области на Валенсија за да им помогнат на луѓето во чистење на куќите, дворовите и улиците по катастрофалните поплави кои го зафатија југоистокот на Шпанија.

Локалните власти мора да апелираа до нив да не влегуваат во голем број во погодените подрачја, оти на тој начин се создаваат проблеми во пристапот на службите за итни случаи.

Југоисточниот дел на Шпанија во вторникот го зафати феноменот ДАНА кој донесе обилни дождови, а тие обилни поплави во кои животот досега го загубија 211 лица, а десетици и натаму се водат како исчезнати.