Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реконструкцијата на просториите на Националниот џез оркестар влегува во завршна фаза

/

пред 129 дена

Сподели преку :

Реконструкцијата на просториите на Националниот џез оркестар на Македонија влегува во завршна фаза. Рокот за реализација на работите изнесува 90 дена, по што, како што рече министерот Љутков, оркестарот ќе добие современ и функционален простор. За првата фаза од реконструкцијата биле издвоени околу 10 милиони денари, со кои се реализирани грубите градежни зафати. Основниот проект за реновирање и уредување на овие простории кај Националната опера и балет е изработен уште во 2023 година од „Мегарон-инженеринг“.

„Во втората фаза се одобрени околу 7,5 милиони денари, со кои ќе биде завршен конечниот изглед и на канцеларискиот простор и на собите за вежбање, но и салата за вежбање која ќе биде во склоп на овој простор и конечно рок на изведба изведувачот има 90 дена. На крајот ќе видиме еден прекрасен простор на НУ Национален џез оркестар, којшто ќе има одлични услови за работа“, изјави Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

„Јас верувам дека ќе биде навремено завршено, со тоа потоа најверојатно ќе ни биде олеснета работата после толку време работејќи во Македонската опера и балет на која сме бескрајно благодарни на поддршката на раководството, затоа што ни излегоа во пресрет овие години и за проби и за можност за ги реализираме нашите концерти и нашата програма. Ова ќе биде супер олеснителна околност за во иднина да реализираме уште подобри проекти и подобра програма“, рече Гоце Стевковски, директор на Национален џез оркестар.

Н.С.