Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Репортажа на Телма за денот по изборите – дали се можни промени по локалните избори?

/

пред 348 дена

Сподели преку :

Речиси целосно се испразнети контејнерите во главниот град. Сликата за момент изгледа подобро, но само во одредени делови. На булеварите ѓубрето е исчистено, додека во споредните улици на стотина метри подолу нова слика: мала дивa депонија, каде отпадот сè уште не е подигнат.

Реториката на скопските градоначалници во пресрет на вториот круг од локалните избори беше дека ќе се залагаат за почисто Скопје. Но, граѓаните со поделени мислења дали навистина нешто може да се промени.

Новиот в.д. директор на „Комунална хигиена“ Скопје, Александар Јовановски за Телма изјави дека претпријатието работи со полна пареа. Пуштена е дополнителна механизација, со цел побрзо да се исчисти главниот град.

По информациите дека камионите би можеле да останат без гориво по оставката на неговиот претходник, кој сега се наоѓа во притвор, Јовановски уверува дека засега таков проблем нема.

Проблемот со наталожениот смет во Скопје трае со месеци, а граѓаните очекуваат институциите конечно да најдат трајно решение.

Симона Петровска

Дигитална обработка: Т.Д.