Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Републиканскиот сенатор Греам: Преговорите меѓу САД и Иран удрија во ѕид

/

пред 140 дена

Сподели преку :

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека САД треба дополнително да го „ослабнат“ Иран, бидејќи прекинот на огнот во војната останува несигурен. Зборувајќи во емисијата „Мeet the press“ на NBC, сенаторот од Jужна Kаролина рече дека смета оти преговорите „удриле во ѕид“. Неговите коментари доаѓаат во време кога Израел се координираше со САД за евентуално продолжување на нападите.

-Мислам дека не можете да добиете конкретен одговор од Иран затоа што не можат да бидаткохерентни. Мислам дека сега се толку неуредни. Толку се ослабени. Се согласуваат со работи, а следниот ден се повлекуваат. Претседателот Трамп е многу фрустриран. Па што да се прави следно? Мислам дека ќе биде многу тешко да се постигне договор со сегашниот режим. Дали има докази дека се промениле? Вчера разговарав со директорот на ЦИА. Дали има докази дека нивната група на власт сега е помалку посветена на уништување на Израел? Дали нè гонат, Големиот Сатана Дали го прочистуваат исламот? Мислам дека одговорот е не. Значи, ослабете ги дополнително и можеби ќе добиете договор подоцна, но нема да добиете договор со оваа група сè додека не им наштетите повеќе, изјави Греам.