Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ревизија нотира системски слабости во судскиот систем

/

пред 110 дена

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија изврши анализа на работењето на Врховниот суд на Република Македонија за 2024 година при што во делот на наодите се издвојуваат судски постапки со неизвесен исход, недостатоци во системот за оценување на одредени категории судски службеници и отсуство на судски администратор.

Дополнително, се констатира дека буџетските средства за судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од БДП, што создава ризик за стабилно и независно финансирање на судството.

Извештајот укажува и на системски слабости, вклучително и нецелосно уредена правна рамка за платите на техничкиот и помошниот персонал во судовите.

Иако дел од препораките од претходната ревизија се спроведени, дел остануваат нереализирани, што укажува на потреба од понатамошни подобрувања во организациското и финансиското функционирање на институцијата.