Ревизорот од ДЗР Миле Столевски обвинет дека ѝ го полагал тестот за државна тајна на претседателката на ДКСК Димитровска доаѓа на работа но нема да прави ревизии – дополнително против него ќе се води и дисциплинска постапка, потврди за Телма државниот ревизор Максим Ацевски
„ДЗР ја извести Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, повлечена е неговата легитимација за увид во документи со степен на државна тајна. Чекаме насоки од Дирекцијата за понатамошно постапување, зошто ние не можеме да му го одземеме сертификатот“ изјави Максим Ацевски, главен државен ревизор во ДЗР.
Како што веќе објави Телма вчера и на Димитровска и бил одземен сертификатот по насоки на Дирекцијата за безбедност на класифицирна информации
Ако претседателката на Антикорупциска не дава оставка Собранието може да ја разреши смета поранешниот член на Антикорупциска Драган Малиновски, според кого ваквата состојба на долг рок е неодржлива.
Поранешниот антикорупционер а сега адвокат објаснува дека мерката на претпазливост и забраната за вршење дејност или професија се две различни работи. Но смета и дека актуелната мерка, која значи забрана да работи на предмети да има контакт со пошта и друга документација, не го оправдуваат тоа што не оди на работа два месеца
Претседателката на Антикорупциска е обвинета дека му оддавала службени тајни на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, подоцна обвинет во „Адитив“. На товар и се става и делото компјутерски фалсификат дека ревизор од ДЗР и го положил тестот за Сертификат за Државна тајна.
Eлена Ивановска Мукоска











