Рикард Андерсон е осомничен за масовното пукање во градот Eребро во Шведска. Триесет и петгодишникот е обвинет дека усмртил 10 лица во училиште за возрасни.
Според полицијата, 11 лица се мртви, меѓу нив и Андерсон, кој по пукањето извршил самоубиство. Локалните жители на градот Еребро велат дека напаѓачот се соочувал со психички проблеми и живеел сам.
Според документите на шведската национална служба, Андерсон постојано бил одбиван за служење на војска, а покрај тоа имал дозвола за четири ловечки пушки во негова сопственост.
Истрагата е во тек. Според шведските власти, ова масовно убиство се смета за едно од најтрагичните во историјата на Шведска.
10 луѓе застрелани во училиште за возрасни во Шведска – мотивот се уште непознат











