Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рим блесна во празничните бои на новогодишните светилки

/

пред 298 дена

Сподели преку :

Римскиот историски центар блесна во празнични бои откако градоначалникот Роберто Гвалтиери ги вклучи светилките на 20-метарската новогодишна елка на Пјаца дел Пополо, украсена со 100.000 ЛЕД светла.

Илјадници граѓани се собраа да го проследат традиционалниот настан кој внесе празнична атмосфера низ улиците на главниот град, каде се украсени и главните булевари и плоштади. Многумина ја истакнаа симболиката на светлото во време на глобални предизвици.

Посетителите изразија надеж дека празничните украси ќе донесат мир и спокој. „Се надеваме дека овие светла ќе ни подарат малку повеќе надеж,“ порачаа дел од присутните.

Т.Д.