Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Риши Сунак доби наследничка – Кеми Баденок е нова лидерка на британската Конзервативна партија

/

пред 701 дена

Сподели преку :

Кеми Баденок (44) е избрана за нова лидерка на британската Конзервативна партија. На позицијата доаѓа на местото на поранешниот премиер Риши Сунак.

Таа вети дека некогаш доминантната партија во англиското општество ќе ја врати на основните принципи. Баденок застанува на чело на конзервативците пред периодот на обнова кој следува, ветувајќи враќање на нивните традиционални идеи.

Како прва црна жена на чело на голема партија во Велика Британија, Баденок се обврза и на менување на политичкиот курс кон десно, поддржувајќи ги политиките чија цел е намалување на државниот апарат и борба со „лево ориентираното институционално размислување“.

„Дојде време да се каже вистината“, рече Баденок пред присутните по пребројување на гласовите.

Баденок е родена во Вимблдон, а порасна во Нигерија. Важи за личност која е подготвена за кавга во просторија во која нема никој, пренесе „Скај њуз“.

Нејзин ривал на внатрепартиските избори беше поранешниот пратеник Роберт Џенрик.