Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ристеска-Јорданова: Кога EK ќе искористи речник „загриженост“ значи дека рабoтите не чинат

/

пред 1061 дена

Сподели преку :

Кога EK ќе искористи речник „загриженост“ значи дека рабoтите не чинат, вели д-р Малинка Ристеска – Јорданова во вечерашното гостување во Топ Тема, коментирајќи го најновиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија кон европскиот пат.

Ристеска – Јорданова, даде дел од анализата на Институтот ЕПИ, кој ќе ја објави утре. Според анализата, Македонија има девет нули, односно оценка на „стоење во место“ или нема напредок во клучни сегметни.

Една од овие девет „0“ е во функционирање на правосудството, каде се забележани сите настани во Судскиот совет, како разрешувањето на претседателката, но има и други работи, како неусвоена стратегија за правосудството, како и во делот на советот за јавни обвинители, за изборот на шеф на обвинителството за организиран криминал. Единствена светла точка има некаде кај Врховниот суд кој се потрудил за конзистентност на пресудите, вели Ристеска – Јорданова.

Но ова иако не е директно кажано од ЕК, практично ваквата оценка навлегува во оценката за рамнотежа меѓу властите. И тоа е голем проблем, додава Рестеска – Јорданова.