Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скендер и Васиќ-Бозаџиева избрани за уставни судии

/

пред 1437 дена

Сподели преку :

 

Фатмир Скендер и Татјана Васиќ – Бозаџиева се избрани за уставни судии. Во отсуство на опозицијата, за нив гласаа 64 пратеници додека еден беше против. Веднаш по гласањето, новите судии потпишаа свечена изјава и ветија совесно и одговорно извршување на функцијата, со почитување на Уставот и законите.

Во Комисијата за избори и именувања се уште трае расправата за кандидатот Љубомир Јовески.

Со изборот на двајцата судии, Уставниот суд не е комплетен, но се заштитува неговата функционалност. Наредниве недели ќе работи со седум од вкупно девет судии, а во декември завршува мандатот на уште еден судија.