Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ристовска: Концентрацијата на моќ го метастазира системот, без разлика дали на раководна позиција е маж или жена

/

пред 1108 дена

Сподели преку :

Застепеноста на жените во извршување на високи државни финкции е многу помала во споредба на мажите, особено во оние области каде што има концентрација на моќ. Таму се добива впечаток дека овие позиции се исклучиво резервирани за мажи.

Таков е и случајот во обвинителствата. Од осамостојувањето на Македонија никогаш до сега не бил избран државен јавен обвинител жена. Но, според обвинителката Ленче Ристовска тоа не е она што го метастазира системот, бидејќи без разлика на полот има случаи во кои и жена на високи позиции непофесионално ја практикувале позицијата.