Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РКЕ: 120.000 домаќинства можат да имаат струја со централите од обновливи извори на енерија

/

пред 1166 дена

Сподели преку :

120 илјади домаќинства можат да имаат струја со централите од обновливи извори на енерија, што се изградени во последните 19 месеци.

Според Регулаторната комисија за енергетика, во периодот од јануари 2022 година заклучно со јули оваа година издадени се  лиценци на вкупно 605 централи со вкупна инсталирана моќност од 316,4 мегавати.

Со овој нов инсталиран капацитет што е ставен во функција во последната година и седум месеци, може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинства со просечна потрошувачка од 14 градови од земјава, велат од регулаторна.

Станува збор за чиста зелена енергија од Сонце, ветер, вода и биогас.