Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родилката од Битола, чие бебе почина: Се уште не сум испишана од болница, и по 12 дена немам отпусна листа

/

пред 1273 дена

Сподели преку :

Викторија Крстеска, родилката чие бебе почина на гинеколошкото одделение во Битолската клиничка болница се жали дека и по речиси две недели се уште ја нема добиено отпусната листа. Тоа според неа фрла дополнителна сенка врз нејзиниот случај и дава сомнеж дека нешто се крие.

Таа повторно се обрати преку статус на ФБ во кој прашува зошто се дозволува и по 12 дена откако е дома се уште да не е испишана, односно нема отпусно писмо, иако како што вели тоа треба да биде направено веднаш откако го напуштила објектот.

Рскажува дека вчера била да го побара документот на гинеколошкото одделение но одговор зошто се уште го нема не добила.

Вели дека се сомнева и во обдукцискиот наод кој според неа може да биде наместен, а додава и дека не очекува брзо да го добие иако било наложено тој да биде изработен во најбрз можен рок.

Крстеска и претходно се огласи по трагичниот настан. Најави дека нема да отстапи од барањето правда, но и дека дел по дел ќе обелодени сѐ.