Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родители на загинатите во „Пулс“: Барањето за домашен притвор е навреда за споменот на нашите деца

/

пред 171 дена

Сподели преку :

Барањето за куќен притвор на сопственикот на „Пулс“  Дејан Јованов, семејствата на починатите го доживуваат како навреда за нивната болка и понижување на споменот на нивните деца. Во објава на социјалните мрежи пишуваат дека наместо одговорност гледаат упорни обиди за бегство од тежината на одговорноста. Особено загрижува фактот што мерките се олеснети за поголем дел од обвинетите, што создава чувство дека оваа трагедија се минимизира и дека човечките животи стануваат споредна работа, пишуваат семејствата. Додаваат дека имаат доверба дека обвинителството и судот ќе постапат строго согласно закон и врз основа на докази, и дека нема да дозволат правдата да биде обесмислена со вакви барања, пишуваат од Здружението на граѓани 16-ти март 2025.

Газда Деко донесен од операција, му се слоши на судење, бара куќен притвор