Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родителите на жртвите од Пулс: „Не бараме пресуда на улица, бараме правда во судница“

/

пред 132 дена

Сподели преку :

Нов повик до граѓаните  од родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,  за 44 „Марш на ангелите“ кој треба да се случи во сабота.

-На денот на Задушница, со тишина, молитва и болка што не поминува — ќе чекориме за нашите Ангели. За оние чии гласови замолкнаа прерано, но чие присуство засекогаш останува во нашите срца, се вели во повикот на Здружението 16-ти Март.

Маршот ќе се одржи во сабота, во 19.05 часот, а ќе се тргне од спортско игралиште с. Ратавица, Пробиштипско.

–На Задушница не се заборава. Се палат свеќи. Се изговараат имиња. Се носи љубовта кон оние што физички ги нема, но духовно се со нас во секој чекор. За 63-те Ангели. За повредените. За правдата што сме должни да ја истраеме до крај. „Не бараме пресуда на улица. Бараме правда во судница“, се наведува во повикот.