Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родителите од „Пулс“: Цинично е да слушаме дека луѓето што седат во судница не знаат зошто се таму

/

пред 131 дена

Сподели преку :

Родителите на починатите деца револтирани од тврдењата на дел од адвокатите на обвинетите на денешното судење  рекоа дека трагедијата во дискотеката во Кочани не може да се нарече несреќа.
„ Несреќа е кога природата ќе удри без предупредување. Но кога со години институции дозволуваат небезбеден објект да работи, кога се прифаќаат непополнети пријави, се користат стари согласности, се премолчуваат недостатоци и никој не иницира инспекциски надзор — тогаш тоа не е несреќа. Тогаш тоа е системско замижување“ рече Александар Наумов, татко на Надица Наумова. Тој кажа дека е цинично да се слуша дека луѓето во судницата „не знаеле зошто седат таму“.

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката Пулс.  Во судница беа презентирани 19 записници од вршење увид од комунални инспектори во Кафе бар Класик, каде во сите како управител стои Митко Стојанов и се вршени во негово присуство.

Одбраната на Митко Стојанов на почетокот до Судот достави предлог за укинување на мерката притвор и замена со мерки за претпазливост, укажувајќи дека тој повеќе од една година е без работа и приходи и мора да работи за да го враќа хипотекарниот кредит за да не остане без куќа.