Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рокас ја теши земјава дека важно е што ЕК не и констатирала назадување во напредокот кон ЕУ

/

пред 704 дена

Сподели преку :

Македонија се уште не ги спровела уставните измени на кои се обврзала дека ќе ги спроведе, а подготвeноста на земјава за пристапување во ЕУ оваа година е оценето со генерална оцена помеѓу одредено подготвена и умерено подготвена. Ова е дел од заклучокот за Македонија во најновата Стратегијата на Европската комисија за процесот на проширување и Извештајот за напредокот на земјава во процесот на евроинтеграции при што од неа се очекува да продолжи да испорачува во делот на реформите особено судството и борба против корупцијата и организираниот криминал.

  • „Европската комисија очекува Северна Македонија забразано и одлучно да го следи скрининг извештајот за Кластерот Основи, вклучително и патоказите согласно преговарачката рамка, со цел да се отвори првиот Кластер најбрзо што е можно, кога потребните услови за тоа ќе бидат исполнети. Потребно е понатамошно интензивирање на темпото на реформите. Северна Македонија треба да преземе неопходни чекори за да напредува во пристапниот преговарачки процес и ефективно да ги имплементира неопходните реформи, пред се во делот на владеење на правото, правдата и борбата против корупцијата“, се наведува во Стратегијата за проширување на ЕУ подготвена од Европската комисија за 2024 година.

Статегијата за проширувањето попладнево беше презентиран од Европската комисија, но за првпат Извештаите за земјите-кандидати не беа презентирани одделно, земја по земја, па во отсуство на новинарско прашање за тоа како се оценува напредокот на Македонија, таква изјава за земјава изостана од страна на Европската комисија.

Во земјава пак со своја оцена излегоа премиерот Христијан Мицкоски и евроамбасадорот Михалис Рокас, откако Извештајот лично му беше врачен на премиерот.

Мицкоски на прес-конференцијата потоа ги повтори констатациите на Комисија од Извештајот и на некој начин се огради од Извештајот, велејќи дека тој опфаќа период на три владил, од кој неговата е со два месеци.

  • „Како и претходните години, најголемите слабости повторно се детектираат, однесуваат на Кластерот 1 – Темели, односно на деловите поврзани со правосудството, реформа на јавната администрација. Нашите претходници требало и морало да направат повеќе и подобро, но тоа сега толку и не е важно, тоа мора да го оставиме тоа зад нас, мора да ги надминеме политичките препирки и да се фокусираме на она што треба сите ние заеднички да го направиме, бидејќи време за губење нема“, рече Мицкоски.

Ако Мицкоски беше краток во изјавата по добивањето на Извештајот, евроамбасадорот Рокас беше уште пократок и тоа што имаше да го порача во име на Европската комисија.

  • „Премиерот даде конкретни упатувања дека во период на три влади имаше ограничен и одреден прогрес во некои области, но важно е дека немаше назадување. И ние сме посветени да работиме рака под рака со цел кога за една година ќе го правиме ова истото да може да кажеме дека има многу поголем напредо“, изјави Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Инаку во Извештајот за напредокот Комисијата констатира и дека има назадување во борбата против корупцијата, а ограничен напредок е постигнат во јакнење на независноста на судството, јакнење на легислативата за заштита на фундаменталните права и реформа на јавната администрација.

  • „Северна Македонија е помеѓу одредено ниво на подготвеност и умерено ниво на подготвеност и не направила напредок во спречувањето и борбата против корупцијата.  Корупцијата останува распространета во многу области и е прашање кое предизвикува сериозна загриженост“, пишува во Извештај на ЕК за напредокот на Македонија за 2024.

Космисијат притоа констатира дека препораките кои и ги дала на земјава во областа на борбата притив корупцијата бидејќи не биле целосно исполнети, важат и за оваа година, како што е носење на нов Кривичен законик согласно европските и меѓународни стандарди, спроведување на националната стратегија за борба против корупцијата, како и јакнење на институциите како Народниот правобранител и Аниткорупциската комисија.

И во судството каде пак е забележан ограничен напредок во делот на јакнењето на неговата независност важат препораките од лани, особено за носење на Законот за граѓанска постапка согласно еропските стандарди, имплементација на новата стратегија за судските реформи, како и јакнење на Судскиот совет преку законски измени и согласно препораките од оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет. И АКМИСОТ останува во препораките на Комисијата за судството, меѓу другото да биде целосно функционален.

И во делот на борбата притив организираниот криминал за земјава остануваат препораките кои ЕК дадеи лани.

  • „Подобрување на следењето на истрагите, гонењето и обвиненија за организиран криминал, финансискиот криминал и случаите на перење на пари, со фокус на враќање и конфискација на средства од кривични дела“ стои во Извештај на ЕК за напредокот на Македонија за 2024.

Во економските области земјава има подобар скор, како на пример, постигнато добро ниво на подготвеност за развој на функционална пазарна економија, умерено подготвена во делот на јавните набавки и финансиската контрола, каде во изминатата година земјава постигнала  ограничен прогрес. Во делот на слободно движење на стоки земјава иако е умерено подготвена, се уште не успеал целосно да го усогласи законодавството со европското, поради што се констатира дека во таа област не е постогнат напредок. Земјава е умерено подготвена и во делот на слободното движење на капиталот.

Македонија има добро ниво на подготвеност во делот на надворешни односи, како и во надворешната, безбедносната и одбранбена политика со таа на ЕУ.

Во делот на добрососедските односи на земјава Европската комисија за Бугарија констатира дека изминатите мсееци односите меѓу двете земји се нарушени поради изјави на одредени политичари, поради што е потребно, како што се наведува, промовирање на атмосфера на дијалог и взаемно почитување.

  • „Мерливи резултати и имплементација во добра волја на билатералните договори, како Договорот за добрососедство и пријателски односи и неговиот Протокол, остануваат важни“, пишува во Извештај на ЕК за напредокот на Македонија за 2024.

И во одосите со Грција се нотира дека е важно постигнување за мерливи резултати и имеплемнтацвија на билатералните договори, вклучително и Преспанскиот договор, со костатација дека релациите меѓу двете земи во изминатиот период се интензивирале, пред се областите од взаемен интерес.

Тамара Грнчаровска

ЕК очекува Македонија да ги интензивира реформите и да го исполни условот – уставни измени